За 24 часа 33 мртви во поплавите во Индија
Во полавите кои се најголеми во изминатите 100 години во таа држава, загинале 357 луѓе, објавија локалните власти, а во последните 24 часа пронајдени се 33 мртви.
Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе траат до 23 август. Околу 350.000 луѓе погодени од поплавите морале да се засолнат во 3.000 привремени логори.