Шекеринска: АРМ го прослави јубилејот со покана од НАТО
„АРМ е тивок дипломат кој помогна во голема мерка во одработувањето на поканата за членство на Македонија во НАТО. Овој јубилеј АРМ го прослави со повисоки плати, со зголемен буџет за одбраната и преземена обврска тој и понатаму да се зголемува, со исправени неправди, обезбедени средства за нови униформи и опремување на македонската војска“, рече Шекеринска.
АРМ изминативе три дена, со бројни активности, го одбележа својот 26-годишен јубилеј.