ДУИ ја повика дијаспората да излезе на референдумот
„Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август“, соопштија од ДУИ, од каде додаваат дека сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември.