Продолжени роковите за повластено ДДВ за станови и за приватизација на државно земјиште
Дел од сетот мерки е граѓаните повторно да можат да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште, како и повластената стапката на ДДВ за станови.
„Со истекување на рокот на 15 декември 2014, граѓаните ја немаа можноста да поднесуваат барања за приватизација на државно земјиште. Сега тие повторно го имаат ова право и тоа во следните три години. Во насока на исполнување на барањата на граѓаните, но и на градежните компании, со измените на Законот за ДДВ, стапката на ДДВ за станови останува повластена, односно пет отсто во следните пет години“, се вели во соопштението од Министерството.