Песков: Путин и Меркел имаа многу сериозна средба
Путин и Меркел имаа тричасовна средба во палатата Мезеберг, каде Путин ѝ рекол на Меркел дека е подготвен да го продолжи дијалогот со германските компании, дека и двајцата се задоволни од обемот на трговската размена меѓу двете земји кој е во пораст.
„Тие детално разговараа и за сириското прашање. Путин укажа дека процесот за враќање на бегалците во Сирија треба постепено да се зајакнува и ги повика еврпските земји да дадат свој придонес со цел тој процес да биде неповратен“, изјави Песков.
Меркел и Путин, како што наведе Песков, разговарале и за украинската криза.
Претходно Путин имаше средба и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а пред тоа приватно беше на свадбата на австриската министерка за надворешни работи, што предизвика остри политички реакции во ЕУ и во Австрија, која е претседавач со Унијата.