ДИК: Над 2.600 граѓани ги провриле податоците во Избирачкиот список
Исто така беше потенцирано дека увидот што трае до 23 август на полноќ се одвива без проблеми. Паралелно тече и пријавувањето на иселениците за гласање на референдумот, кои до денеска за изјаснување се пријавиле 1.112 македонски државјани. Од нив 1.088 се прифатени. Меѓу ДКП-та каде има повеќе пријавени се Берн - 87, Виена 69, Лондон, Берлин.