Дерковски: Нема фантоми во Избирачкиот список
"Ве уверувам дека нема фантоми на Избирачкиот список.Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, веројатно од други причини. Нема такви лица во ИС, има ситуации", вели Дерковски.
Тој посочи повеќе примери и тоа на една иста улица, на еден број кога имам повеќе куќи, а тоа се најчесто населби каде што има дивоградби што се уште немаат регулиран статус на легален објект.
" Во тој случај, за да им излезат во пресрет или да им овозможат да се стекнат со одредени лични документи и да остварат некое свое право како граѓани во МВР под иста адреса заведуваат стотина лица. И затоа вие кога ќе побарате на нашата веб страна на одредена адреса ви излегуваат 100 и повеќе лица", вели Дерковски.
Додаде дека состојбата во Избирачкиот список, се врзува со бројот на државјанства. Република Македонија, како што кажа тој , има издадено околу 2.460.000 државјанства и кога ќе се извади бројот на малолетните лица,тогаш се добива фактичката бројка во Избирачкиот список.