Судот во Турција одби да го ослободи американскиот свештеник
По објавувањето на таа вест во Турција, лирата која загуби 40 отсто од почетокот на годината, намали вредност под 6,21 за долар од претходните 6,04 лири за долар.
Судот во Измир пред два дена исто така одби жалба за негово ослободување поднесена од адвокатот на свештеникот.
Брансон (50) е главна причина за дипломатски спор меѓу САД и Турција поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и се зголемени царините за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД.