Скопскиот блуз на малтешкиот поет Имануел Мифсуд
„Скопски блуз и други песни од Македонија“ е насловена книгата од малтешкиот книжевник Имануел Мифсуд, што како издание на Академски печат се појави летово. Препевот на песните го стори Елена Пренџова, а авторот знае да каже дека повеќето негови песни во збирката се меланхолични.