Одбраната во „Титаник“ бара да не се слушаат „бомбите“ во судница
Адвокатите на Груевски го побараа на увид записникот за предавање на прислушуваните разговори (бомбите) од СДСМ во СЈО.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за „Титаник“, во кое покрај Груевски, обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други функционери од претходната власт за повреда на избирачко право, злосторничко здружување, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.