Рама домаќин на колегите од регионот
На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.
Средбата ќе биде со идентичен формат, како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август минатата година, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.