Се урна мост во Џенова, се стравува за десетици загинати
Италијанскиот министер за транспорт рече оти се чини дека ова ќе биде „голема трагедија“, а во извештаите се наведува дека голем дел од мостот Моранди се урнал врз индустриска зона.
Новинската агенција „Андкронос“ ја цитираше локалната служба за брза помош како наведува дека за „десетици“ луѓе се стравува дека се загинати.
Новинската агенција АНСА информира дека најмалку 11 луѓе се загинати и оти еден преживеан е извлечен од урнатините. Во извештајот се вели дека најмалку 10 автомобили биле на делот од мостот кој се урнал.
Исто така цитирани се официјални претставници кои велат дека структурната слабост на мостот е најверојатно причина која довела до уривање на мостот, кој бил изграден во 60-тите години.