Оваа недела средба на Меркел и Путин во Берлин
Во агендата на разговорите ќе бидат вклучени конфликтите во Сирија и во Украина, како и енергетски прашања, изјави денеска портпаролот на германската влада Штефан Заиберт.
Москва и Берлин подготвуваат контроверзен нов гасовод на Балтичкото Море, Северен поток 2, со кој ќе се удвои количината на природен гас што Русија ќе може да ја пренесе во Западна Европа.
САД и неколку други европски земји се противат на планот.
Меркел и Путин последен пат се сретнаа во мај во Сочи.