Тачи: Охридскиот договор e гаранација зa правата на Албанците во Македонија
„Охридскиот договор, кој се потпиша пред 17 години, стави крај на вооружениот конфликт и создаде перспектива за мир, стабилност и меѓуетнички соживот во Македонија. И по 17 години тој останува најголема гаранција за правата на Албанците и стабилноста на Западен Балкан”, напиша Тачи на Фејсбук по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Според косовскиот претседател, како што јави дописникот на МИА од Приштина, целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и Договорот за името со Грција, „конечно го отворија патот за зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија“.