Турската централна банка презема мерки за спречување на падот на лирата
Соопштението доаѓа еден ден откако министерот за финансии Берат Албајрак изјави дека владата подготвила акциски план да помогне во олеснувањето на грижите на пазарот.
Во услови на стравувања дека Турција може да ја зафати економска криза, турската лира достигна рекордно ниско ниво во однос на доларот, а денеска паднаа и берзите во Азија. Влошените односи меѓу САД и Турција го забрза падот на турската лира.