Руски бизнисмен цел на бомбашки напад во Бишкек
Областа во моментов е затворена од старана на полицијата. Неколку медиуми цитираа полициски извори како велат дека рускиот бизнисмен Александар Гајдуков веројатно е цел на напаѓачите кои сакале да го исплашат.
Видео направено од безбедносна камера на зградата покажува како три лица и се качуваат по скалите, кога експлозијата ги погоди ѕидовите на зградата.
Властите во Бишкек не излегоа со официјално соопштение.
Гајдуков беше однесен во болница и беше пуштен после неколку часа. Докторите изјавија дека бил третиран за помали повреди на колкот и на раката. Во близина на истата област во 2016, Гајдуков беше застрелан два пати. Напаѓачот не беше идентификуван.