Реакција на грчкото МНР на одуката на Москва да протера двајца грчки дипломати
Соопштението, кое е прво официјално на грчкото МНР по заладувањето на односите меѓу Грција и Русија, е насловено: „Давајќи му предност на националниот интерес: трезвено и стабилно“, пренесува МИА.
Во соопштението е наведено дека одлуката на руското МНР не се базира на докази, како што било случај со грчката страна, туку дека е „своеволна и одмаздувачка“, а оти официјална Атина, „трезвено и трпеливо“ ќе одговори на мерките од официјална Москва.
„Сакаме да ги потсетиме пријателите Руси дека ниту една земја во светот немаше да толерира обиди за: поткупување на државни функционери, поткопување на нејзината надворешна политика, интервенции во внатрешноста на нејзината земја. Грција презеде мерки само откако регистрираше опипливи обвинувачки податоци“, се вели во соопштението.