Нови детали од судењето на екс шефот на изборната кампања на Трамп
Манфорт е обвинет за измама и даночно затајување, а на денешното рочиште сведочеше Рик Гејтс кој се изјасни за виновен за слични обвинувања и тој соработува со федералните власти. Гејтс кој беше дел од кампањата на Трамп изјави дека Манафорт му наредил да го намали приходот што го оданочуваат преку пријавување на приход од странство како заем.
Гејтс на поротата и посочи дека богати украински бизнисмени му платиле на Манафорт за консултантски услуги во Украина на сметки во Кипар.