Пацоли очекува дијалогот со Србија да заврши следната година
„Намерата е Србија да го признае Косово, но не знам дали тоа можам да го наречам емотивно признавање, туку гаранција дека Србија нема да ја попречува изградбата на државата, слободното движење на луѓе и стоки. Како и да е Србија нема да ја попречува коегзистенцијата на Косово со Србија, како што Косово постои паралелно со другите земји во регионот“, наведе Пацоли.
Тој ја повика и Меркел да се вклучи во решавањето на „отворените прашања меѓу земјите од Западен Балкан.