Спасовски ќе бара разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност
Според МВР, Велковски во својот исказ потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради закани кон него и неговото семејство и проценил оти е небезбедно неговата ќерка да патува сама и затоа го ангажирал членот на своето обезбедување.
Но, во случајот, како што се наведуваат од министерството, целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување.