Турција планира до крајот на годината да формира вселенска агенција
Варнак објаснува дека агенцијата не само што ќе ја координира реализацијата на проекти во областа на вселенските технологии во Турција, туку и ќе развива меѓународни врски во оваа област во рамки на ОН, пренесува ТАСС.
Кон крајот на мај, азербејџанските медиуми објавија дека Турција планира по 2023 година да започне сопствена програма за подготовка на астронаути, за што планира да потроши околу шест милијарди долари. Законодавната основа за тоа беше подготвена уште во 2016 година.