Загинаа 20 луѓе во авионска несреќа во Швајцарија
Сите 20 патници и членови на екипажот загинаа во пад на германски авион од Втората светска војна на југоистокот на Швајцарија, соопшти швајцарската полиција. Надлежните соопштија дека во вчерашниот пад на авион Јункерс Ју-52, произведен во Германија во 1939 година, загинале 11 мажи и девет жени. Најголемиот дел од загинатите биле од Швајцарија, а едно тричлено семејство било од Австрија. Авионот полетал од кантонот Тичино во јужна Швајцарија, а се урнал во близина на алпското одморалиште Филмс додека летал на висина од 2540 метри. Авионот требало да слета на воениот аеродром кај Цирих, пренесува Франс прес. Очевидци велат дека авионот направил нагло свртување пред патот и мислат дека немало експлозија.
Леталото било во сопственост на швајцарската компанија Ју-ер, основана во 1982 година од вљубеници во военото воздухопловство. Со авионите управуваат поранешни воени и професионални пилоти. Компанијата од основањето имала само еден инцидент во 1987 година на аеродромот во Кобленц, но никој не бил повреден.
На северот на Швајцарија вчера се случи уште една авионска несреќа во која нема преживеани. Во пад на мал туристички авион загинаа родители и нивните две деца.