„Илинден“ - На пописот во Албанија етничката и верска припадност да биде задолжителна
Сепак, како што стои во соопштението, бараат изјаснувањето да биде задолжително, а не незадолжително.
Во 2020 година ќе биде спроведен попис на населението, домаќинствата и земјоделските стопанства, девет години по последната значајна статистичка операција.
Првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат, по своја волја, етничката и верска припадност.
Претходниот попис, спроведен во 2011 година поради непостоење графа за етничка и верска припадност, го бојкотираа припадниците на малцинствата.