Во бомбашки напад во Авганистан загинаа тројца војници на НАТО
„Тројца членови на службата за поддршка беа убиени од бомбаш-самоубиец за време на комбинирана патрола со авганистанските сили во источниот дел на Авганистан“, се вели во соопштението.
Во експлозијата, исто така, беа повредени еден американски војник и двајца авганистански војници. Во соопштението не се наведува националноста на убиените војници.
НАТО формално ја заврши својата борбена мисија во Авганистан во 2014 година, но илјадници војници се уште обезбедуваат поддршка и обука за Авганистанската национална армија и спроведуваат антитерористички мисии.