Андреевски – Македонија е казнива кон своите вистински синови
Македонија особено е казнива кон вистинските свои синови. Ако погледнеме назад во историјата како да се казнети сите нејзини синови што направиле големи дела. Само некогаш нешто ќе ги спомнат. Нема вистинска грижа од државата, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа ликовниот уметник Сергеј Андреевски.