Мадуро преживеал обид за атентат со дрон
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вели дека преживеал обид за атентат од беспилотни летала кои носеле експлозив. Настанот се случил во главниот град Каракас, додека Мадуро држел говор на воен настан на 4 август.
Властите соопштија дека во инцидентот се повредени седум војници и обвинија дека зад инцидентот стои Колумбија. Мадуро подоцна тврдеше дека инцидентот го предизвикала мистериозна бунтовничка група. Властите во Колумбија го негираа обвинението и велат дека е неосновано.
Јавниот обвинител Тарек Вилијам Сааб за Си-Ен-Ен изјави дека видел како екплодирало беспилотното летало кое го снимило настанот. Но во телевизискиот пренос на настанот не може да се види дронот кој снима.
Подоцна во текот на денот бунтовничката група „Национално движење на војници во кошули" ја презеде одговорноста за експлозијата.