Во Србија задолжителна употреба на кирилица
Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо.
Целосната комуникација на државните, покраинските и на органите на локалната самоуправа ќе мораат да бидат на српски јазик и на кирилично писмо. Истото ќе важи и за образовните и научните институции и за медиумите на кои основач им е државата, кои имаат државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фрекфенции.
Кириличната азбука ќе биде задолжителна и за сите јавни претпријатија и институции и компании со мнозински државен капитал, како и професионални и струкови здруженија кои ја претставуваат својата област на национално и меѓународно ниво.
Ако институциите што се должни да ја користат кириличната азбука ја прекршат оваа одредба, одговорното лице ќе се казни со парична казна од 42,35 евра до 847 евра. Казната за фирмите кои со латиница ќе го испишат името на стоките и услугите, упатството за употреба, декларацијата или гарантниот лист ќе биде до 8470 евра.