Прва оставка по објавувањето на извештајот за исчезнувањето на малезискиот авион
„Истражителите не можеле да ја утврдат точната причина за исчезнувањето на МХ370“, стои во извештајот претставен вчера пред семејствата на жртвите во министерството за сообраќај.
Овој конечен извештај за несреќата предизвика гнев и силни негодувања кај блиските на загинатите патници, кои, според локалните медиуми, ќе бараат одговорност и оставки и од други функционери од надлежните служби.