Заев: Излезете на референдум, не дозволувајте никој да ве поколеба
Тој нагласи дека граѓаните не смеат да дозволат „никој да ги поколеба“ да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.
„Вашиот глас е ваше право. Не дозволувате некој да го злоупотреби вашето право. Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година, голема одлука на голем државотворен народ, кој се определи за својата иднина, за независна држава. Тогаш покажаме дека сме народ, којучи од историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја“, рече Заев на прес-конференцијата со сите членови на неговата Влада.
Тој им се обрати и на, како што рече „сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ“, да ја сфатат важноста на моментот и им порача дека вратата е отвотрена.