Џафери: Во кампањата за референдумот можат да учествуваат сите
„Предлагачи се пратениците, а тие се претставници на политички партии, како и да е, не се исклучени сите субјекти кои го чинат политичкиот живот во државата. И формалното неучество е учество со определба. Затоа пратениците, односно политичките партии, ќе бидат тие кои ќе ја водат кампањата за да ги убедат граѓаните дека треба да излезат на референдум. А по аналогија роковите се исти како и за изборите со разлика во составот на одборите кои ќе бидат во избирачките места. Бидејќи е граѓанска иницијатива оставено е тие членови да не бидат партиски. Претпоставувам дека ДИК на носителите на кампањата ќе им овозможи да го набљудуваат процесот“, вели Џафери, кој информираше дека пратениците одат на одмор до 20 август..