Медиумите да известуваат професионално за време на референдумот, бара АВМУ
Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, на денешната прес-конференција рече дека изработиле препораки, кои сега се во нацрт верзија, за известувањето на медиумите за референдумот. Препораките, како што рече, ќе бидат финални после 17 август откако детално ќе бидат разгледани сите забелешки и предлози, што можат да ги даваат и самите медиуми.
Од Агенцијата очекуваат непристрасно и ненаметливо известување, медиумите да не го наметнуваат своето мислење во информативните изданија и да го покриваат референдумот во согласност со одредбите и принципите утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и Законот за референдум.