За Илинден Иванов на Мечкин Камен, Заев во Пелинце, Џафери во Скопје
Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Минатата година на мечкин Камен беше собранискиот спикер Џафери, во Скопје беше премиерот Заев, а во Пелинце вицепремиерот Кочо Анѓушев.