ВМРО-ДПМНЕ: Фирма донатор на СДСМ добила тендер за набавка на возила
Лани без тендер во четири очи , како што наведуваат од партијата, Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 автомобили. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека фирмата за нешто повеќе од една година има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра.
„Дали преку овие јавни набавки и добивање на државни пари, СДСМ и Зоран Заев се одолжуваат на фирмите и лицата кои им донирале во нивната партиска каса?“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.