Катругалос: Договорот отвора нови хоризонти за економска соработка и развој
Според него, тоа покажува и дека кога постои волја и желба можат да се направат големи чекори и да се решат спорови кои ги измачуваат не само двете држави, туку и поширокиот регион. Тој посочува дека двајцата премиери, Алексис Ципрас и Зоран Заев покажале дека и покрај било која политичка цена биле подготвени да одат напред за националниот интерес и на двете земји.
„Овој историски Договор, од една страна политички го стабилизира доста измачениот регион на Балканот, а од друга страна отвора нови хоризонти на економска соработка и развој“, посочува Катругалос.
Авионското поврзување на Атина и Скопје, како што наведува, многу брзо ќе биде реалност, додека пак за граничниот премин кај Преспа ќе имаат новости во следниот период. Катругалос оценува оти договорот ќе помине со големо мнозинство во грчкиот Парламент.