Сончево време со умерена облачност и краткотраен дожд
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 32 степена. Продолжува период на променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи. Кон средната на наредната седмица се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Дневната температура ќе бележи благ пораст.