Иванов оствари средба со романската премиерка Данчила
Оттаму соопштуваат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа.
Иванов потенцирал дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент, а на средбата биле разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, се вели во соопштението.