Партијата на Имран Кан победи на изборите во Пакистан, но мора да формира коалиција
Тоа значи дека ПТИ ќе мора да бара сојузници во законодавниот дом и доа формира коалициона влада. Според досегашните резултати, потребно е да бидат потврдени уште 7 места и со одложување на изборите на две избирачки места, официјален претставник од Пакистанската изборна комисија вели дека сегашната владејачка Пакистанска муслиманска лига – Наваз (ПМЛ-Н) на затворениот премиер Наваз Шариф, има обезбедено најмалку 63 пратенички места. На трето место е левичарската Пакистанска народна партија (ППП) со најмалку 43 пратенички места.