Бројот на загинати од пожарите во Грција се зголеми на 87
По вчерашната прес-конференција на грчкиот министерот за цивилна заштита, владиниот портпарол и на началниците на противпожарната служба и полицијата, опозициската Нова демократија упати обвинувања, критики и прашања до Владата.
„На вчерашната владина претстава за отфрлање на каква било одговорност, не се слушна ниту едно „извини“, изјави портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.
Таа додаде дека никој од инволвираните не бил сменет, а наместо тоа сите изјавувале дека се горди за тоа колку добро ја завршиле нивната работа во моменти кога уште се брјат загинатите.