Данчила - Заев: Успешен референдум за успешна интеграција
„Мојата посета тука на неколку месеци пред преземањето на преседавањето со ЕУ на почетокот од 2019 година од страна на нашата држава е израз на поддршка на европскиот пат на Република Македонија. Знаеме дека следниот извештај за Македонија ќе биде објавен на крајот во јуни 2019 година. Се надевам дека ќе имаме консензус како Совет на ЕУ и до крајот на 2019 година со одржување на конференцијата ќе почнете со отворање на точките од пристапните преговориза членство во ЕУ. Романија ќе се обиде да ви помогне на технички план. Посакувам голем успех на референдумот, се надевам дека тоа ќе го разберат сите граѓани на Македонија“, рече романската премиерка Данчила.
Премиерот Заев истакна дека Романија е голем пријател на Македонија и се заблагодари за принципиелната поддршка за реформскиот процес и за евроатлантските интеграции.