Заев: Мегаломанските градби во Охрид се стопирани, нема веќе дозволи за такви апетити
„Политиките на локалната и на централната власт се дека мегаломанството во градењето на Охрид е стопирано. Секој инвеститор што сака да гради во Охрид, а има мегаломански апетити, нема да му биде одобрено“, рече Заев.
Тој нагласи дека мораториум за мегаломански проекти има и ќе се придржуваат на тоа, согласно упатствата на УНЕСКО, а не само зашто е волја на локалната и на централната власт.
Тој објасни дека експересниот пат од Охрид до Свети Наум и Струга до границата немаат еколошка студија, а средствата се пренаменети за реконструкција на други патишта.