Вучиќ: Сите Срби знаат дека Косово е изгубено
„Сите Срби знаат дека го изгубиле Косово, но јас ќе направам се што можам за да се врати тоа што може да се врати, за на крајот да не испадне како целосен пораз или целосна загуба“, вели Вучиќ во изјавата за Глобус.
Тој додава дека „сите го напаѓаат него, не бирајќи ни средства ни зборови, а всушност никој од тие што го напаѓаат не сака да се реши проблемот со Косово“.