Градоначалникот на Ново Село доби 18 месеци затвор
Основното јавно обвинителство пред денешната расправа го измени обвинението и на осомничените не им се судеше за криумчарење, туку за кривично дело обид за пренесување непријавена стока.
Сите обвинети го признале кривичното дело заради што имаат право на жалба до апелација во Штип единствено за висината на казните. Според пресудата, се укинува и мерката притвор за што обвинителството има право на жалба.
Градоначалникот на Ново Село, со неговите најблиски, беше фатен два километри пред македонско - бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката Калипсо.