ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози за членови на ДИК
Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на составот на ДИК, но, исто така, е и своевидна потврда дека пратеничките групи се договориле да го реализираат она што беше договорено на понеделничката лидерска средба во Клубот на пратениците.
Партиите неофицијално во јавноста веќе ги соопштија кандидатите за членови на ДИК, новиот состав што треба да го организира есенскиот референдум за името по Договорот со Грција.
СДСМ ги предлага Борис Кондарко, Јанаки Витановски и Радица Ристевска, а ВМРО-ДПМНЕ Оливер Дерковски и Елизабета Постоловска, ДУИ ја предложи Дитмире Шеху, додека БЕСА излезе со предлогот Енвер Салиу.
Претседател на комисијата ќе биде Дерковски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За овие членови на ДИК треба да гласаат две третини од пратениците.