Договореното на лидерската средба вечерва на собраниска седница
Доколку попладнево биде постигнат договор и за референдумот, се очекува на дневен ред на оваа седница да се најде и Предлог-одлуката за распишување на референдумот кои според информации на МИА би се одржал на 30 септември.
Од Кабинетот на Талат Џафери за МИА потврдуваат дека попладнево тој ќе закаже нова седница, но оставаат простор во однос на одлуката за распишување на референдум бидејќи се уште не се знае дали премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Беса Билал Касами ќе постигнат некаков договор или согласност во врска со референдумотза прашањето за името.
Доколку денеска не биде ставена на дневен ред точка за распишување на референдумот, тогаш седница Џафери би можел да свика во сабота. Четворицата лидери во претпладневниот дел на денешната трета по ред средба во Клубот на пратениците потврдија дека постигнале договор за законот за финансирање на политички партии, Закон за Влада односно дека постигнале договор за техничка влада пред секои избори според Пржинскиот концепт и за ДИК.