Заев: Мицкоски не ја сака Македонија во ЕУ и НАТО
„За жал Мицкоски не го препозна моментот. Наместо да го фати возот остана на мрачната страна на историјата. По третата средба стана јасно дека Мицкоски лаже кога тврди дека на ова раководство му е важно техничка влада, ДИК… Тој лаже дека Македонија сака да биде во ЕУ и дека се бори за чесен референдум. Тој проба да ги прикрие виситнските намери. Откако виде дека нема намера да преговараме за амнестија, немаше намера да се договори. Ако нема амнестија нема договор, со тие позоции беше тој. Се доби во пакет а единствено требаше да ги повика ВМРО-ДПМНЕ да гласаат по сопствено уверување“ рече Заев.
Заев порача дека нема да дозволат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја држи Македонија во заложништво.