Пакистан- кандидат за пратеник убиен во бомбашки напад
Полициски и болнички извори за РСЕ велат дека Икрамула Гандапур, кандидат за пратеник од опозициската партија починал од повредите од нападот кој се случил денеска во областа Дера Исмаил. Во нападот загинал и неговиот возач.
Полицијата вели дека целта на напаѓачот било возилото кое се наоѓало во близина на резиденцијата во која требало да има партиски состанок. Брат му Гандапур, Исрар, беше убиен во сличен напад пред три години.