Израел спаси 800 членови на сириските бели шлемови
Израелските медиуми јавија дека членовите на сириската организација за спасување се познати под името Бели шлемови и тие и нивните семејства се евакуирани меѓу сабота и недела од воената зона во јужна Сирија.
Медиумите јавуваат дека тие се однесени во Јордан, од каде што ќе префрлени во Велика Британија, Германија и Канада. Интервенцијата, како што соопшти израелската војска, била на барање на Соединетите Американски Држави и неколку европски земји.