ЕК бара Албанија да го намали јавниот долг
Во првиот квартал од 2018 година албанската економија забележа раст од 4,4 отсто, што е највисок пораст во еден квартал во последните три и пол години. Според ЕК, сите компоненти на домашната побарувачка придонеле позитивно за економскиот раст, но најголем ефект има проширувањето на приватната потрошувачка и деловните инвестиции.
Комисијата посочува дека Албанија треба да продолжи со фискалната консолидација. Иако јавниот долг се намали на 69 отсто од бруто домашниот производ ( над 8 милијарди евра) и понатаму е на многу високо ниво. За 2018 година ЕК предвидува раст на албанската економија за 3,6 отсто додека за следната 3,9 отсто.