Иранскиот врховен лидер смета дека преговорите со САД ќе бидат очигледна грешка
Во изјавата објавена на официјалната интернет страница на Хаменеи која тој ја кажал на состанок во министерството за надворешни работи, се наведува дека зборот, дури и потписот за Американците не значел многу па затоа преговорите не би биле корисни.
Техеран силно ја критикува одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп која тој ја донесе во мај годинава.Трамп одлучи да ја повлече неговата земја од договорот од 2015 меѓу Иран и водечките светски сили, кој гарантираше ослободување од некои санкции во замена за лимитирање на иранската нуклеарна програма. Тој повторно ги воведе санкциите кои беа укинати, спречувајќи многу меѓународни компании да водат бизнис со Иран.