САД не се согласуваат со референдум во Украина
Портпаролот на американскиот совет за национална безбедност Гарет Маркис вчера рече дека организирање на таканаречен референдум би немал легитимитет. Претходно дента рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов рече дека Трамп и Путин на самитот разговарале за конкретни предлози за решавање на конфликтот во источна Украина, но не откри кои се тие.
Тој ова го кажа ден откако Блумберг повикувајќи се на свои извори објави дека Путин им рекол на руските дипломати дека му предложил на Трамп да се одржи референдум во регионите во кои сепаратистите поддржани од Русија држат територии под своја контрола.